(ВИДЕО) Фудбалер на Челси е во конкуренција за промашување на годината

by Fokus

Фудбалерот на лондонски Челси – Марк Гују кој летово од Барселона дојде на „Стемфорд Бриџ“ со сигурност ќе биде во конкуренција за промашување на сезоната во Конференциската лига.

Тој на почетокот од второто полувреме од дуелот против Сервет што „сините“ вечерва на домашен терен го добија со резултат 2:0 имаше можност да постигне гол.

Се избори за една топка во противничкиот шеснаесетник и наместо рутинирано да ја затресе противничката мрежа, шутираше слабо и му дозволи на противничкиот голман двапати да ги одбрани неговите удари.

Погледнете:

Поврзани новости