204
Четири лица со автомобил влетале во маркет во Црниче и го одзеле сефот.
На социјалните мрежи се појави видео, на кое може да се види како и покрај вклучениот аларм, тие успеваат да го стават сефот во багажникот тргнуваат, но по пат сефот им паѓа на патот, па се враќаат и повторно го подигнаа внатре во возилото.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО – ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Пензионерот (@Penzionerot) April 2, 2024
МВР вчера објави дека на 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.