(ВИДЕО) ФБИ го уапси момчето преку кое протекоа тајните планови на Пентагон

by Fokus

21-годишниот Џек Тешеира кој се сомничи дека стои зад протекувањето на тајните американски разузнавачки документи, е уапсен во акција која ја извел специјален тим на ФБИ. Тајните документи тој ги споделувал во затворена група на друштвената мрежа Дискорд, популарна меѓу гејмерите.

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд го потврди апсењето на младиот припадник на Националната гарда на САД. Протекувањето на тајните воени документи од Пентагон ги раздрмаа западните сојузници во борбата против руската инвазија во Украина. Вашингтон пост објави дека не се работи за никакво супершпион на Путин, туку за осоамен млад човек, љубител на оружје и воена опрема.

Документите кои протекоа на социјалните мрежи откриваат информации за помошта што САД и НАТО и ја пружаат на Украина во војната со Русија, како и за проценките на американските разузнавачки служби поврзани со земјите сојузнички на САД. Тајните документи содржат планови на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили.

Фото: Tanjug

Поврзани новости