(ВИДЕО) Еуфорија на македонските фудбалери во Ереван: Вие не сте нормални!

by Fokus

Вие не сте нормални! – им кажа селекторот Благоја Милевски на македонските фудбалери во соблекувалната, по што започна еуфоријата.

Македонската фудбалска репрезентација славеше триумф во Ерменија со триумф со 0-2, со головите на Бојан Миовски и на Исник Алими.

Македонија за првпат има три победи во низа без примен гол.

– Критики секогаш ќе има, посебно треба да има критики за подобро на македонскиот фудбал. Но, тие критики само го мотивираат овој тим. По ремито во Скопје против Италија почнав да верувам во овој тим. Да се вратите по 7-0 во Манчестер против европскиот првак не е лесно. Тогаш решив да верувам во нив и нема никогаш да се откажам во нив. Тие секогаш се тука за Македонија, кога ги пренесуваат сите ваши замисли, не можете да не верувате во нив. Свесно тестиравме со моќни противници како Хрватска, Чешка, Црна Гора, Молдавија за да дојдеме до овој степен како во Лигата на нации. Свесно форсирав некои фудбалери против Англија, Италија, Украина, за да добиеме фудбалери. Некои од тие натпревари и незаслужено ги загубивме, но еве нешто сега ни се враќа – порача селекторот Милевски.

Украинскиот стручњак Александар Петраков – кормиларот на Ерменија вечерва доби отказ од селекторската функција откако неговата селекција доживеа убедлив пораз од Македонија во четвртото коло од Лигата на нации.

Фарски Острови и Летонија вечерва одиграа нерешено 1:1 во Торшавн, и така Македонија со 99% шанси веќе е на првото место во Лигата на Нации во групата Ц4, и пласирана во ранг погоре, во Б сегментот.

Поврзани новости