(ВИДЕО) Ердоган по нападот на црквата во Истанбул: Ќе ги фатиме за 24 часа!

by Fokus

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, реагираше на нападот што се случи утринава во црква во Истанбул и разговараше со гувернерот на областа Сарије, Омер Калајли.

Меѓудругото, според зборовите што ги пренесе шефот на Канцеларијата за комуникации на претседателот на Турција, Фахретин Алтун, Ердоган изразил сочувство до целата заедница и им посакал што побрзо закрепнување на повредените.

Тој нагласи и дека се преземаат неопходните чекори за што поскоро фаќање на сторителите.

– За жал, вакви убијци се појавуваат насекаде. Овие убијци ги тераат невините луѓе да ја платат цената. Нашата полиција во моментов е мобилизирана со сите ресурси. Верувам дека за кратко време сторителите ќе бидат фатени. Ќе ги најдеме во рок од 24 часа – рече претседателот на Турција.

Поврзани новости