Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е мета на критики за наводно удирање шлаканица на момче кое одбило да му ја бакне подадената рака, според традицијата, пишува денеска Фигаро.
Според медиумот инцидентот се случил во саботата, на 27 јули, за време на церемонијата на предавање на клучеви на сопственици на новите куќи во провинцијата Ризе, на север во Турција.
Откако го одржа својот говор, Ердоган им ги предаде клучевите од куќата на сопствениците, а две деца се качија на бината пред нивните родители.
Ердоган ја подал раката кон децата за да му биде бакната. Откако еден од нив одбил да му ја бакне раката и за момент се загледал во шефот на државата, добил шлаканица.
После тој шамар, детето конечно му ја бакнало раката на турскиот лидер, кој му дал пари.