372
Бакнувањето рака на постар човек е обичај во Турција и подразбира покажување почит кон постарата личност, пишува „Нова.рс“.
Видео на кое се гледа како турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му удира шлаканица на момче затоа што не сакал да му бакне рака, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, пренесуваат медиумите во регионот.
Инцидентот се случил за време на церемонијата на отворање на реновирани куќи во северната провинција Ризе овој викенд.
Извор: Макфакс