Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва по вториот круг од претседателските избори им се заблагодари на граѓаните кои нему и на неговата партија му дадоа нова доверба, како што рече, да ја водат земјата во следните пет години.
„Го завршивме вториот круг од претседателските избори во корист на нашата нација. Единствен победник на овие избори е Турција, победија сите 85 милиони луѓе кај нас. Вашата волја стана турска сила, неуништлива сила“, рече Ердоган во обраќањето пред поддржувачите во Истанбул, пренесе Анадолија.
Тој ги поздрави поддржувачите и запеа.
Според податоците на „Анадолија“, врз основа на 98,52 отсто од преброените гласови, Ердоган освоил 52,11 отсто од гласовите, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 47,89.
Во бројки, Ердоган досега освоил околу 27 милиони гласови, а Киличдароглу 24,8 милиони.
Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Ахмет Јенер, истакна дека од пребројани 75,42 отсто од гласовите Ердоган води со 53,41 отсто гласови, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу добил 46,59 отсто поддршка.
Erdoğan Duyanlara Duymayanlara şarkı söyledi; pic.twitter.com/rpdPzbqQ3Y
— UlakMedyaTv (@ulak_official) May 28, 2023