754
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отвори огромен висечки мост над Дарданелите, уште еден од серијата големи инфраструктурни проекти на кои им даде приоритет во текот на неговите две децении на власт, пишува Ројтерс.
Мостот што ги поврзува европските и азиските брегови на Турција се нарекува „1915 Чанаккале“ и е изграден од турски и јужнокорејски компании, со проценета инвестиција од 2,5 милијарди евра.
Ова е најдолгиот висечки мост во светот со централен распон од 2.023 метри и вкупна висина на кулата на мостот од 318 метри.