(ВИДЕО) Ердоган гласаше во Истанбул, па на децата им делеше играчки и пари!

by Fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска гласаше на претседателските избори во Турција. По тој повод, на избирачкото место лоцирано во училиште во Истанбул, на присутните деца им подели подароци по повод Денот на мајката, кој во земјата се одбележува на 14 мај.

Според турските медиуми, Ердоган на секое дете му дал по 200 лири, што е околу 10 евра. Некои деца добиле и играчки.

Бидејќи децата се малолетни и не учествуваат во гласањето, овој гест не може да се смета за корупција, јавуваат турските медиуми.

Турскиот претседател и претходно беше снимен како им дели пари на децата, поради што беше критикуван од членовите на опозицијата.

Истото го стори и во април годинава за време на турнејата низ Истанбул, кога беше опкружен од неговите приврзаници кои извикуваа: „Наш лидер! Нема да им ја оставиме Турција на предавниците!

 

Поврзани новости