(ВИДЕО) Ентони Џошуа брутално нокаутираше ММА борец

by Fokus

Британскиот боксер Ентони Џошуа (34) го нокаутираше камерунскиот шампион во ММА – Фенсис Нгану (37) во втората рунда од нивната борба во Ријад.

Храбро беше Нгану да влезе во рингот со боксер како Џошуа, но во борбата што беше кратка, тој немаше шанси.

Тој заврши на подот веќе во првата рунда, а потоа повторно во втората, само петнаесет секунди подоцна, борбата беше завршена.

Џошуа со силен удар со десната рака го „заспа“ Нгану, кој накратко изгуби контрола над нозете и телото.

Овој пат немаше одбројување, судијата веднаш ја прекина борбата.

Ентони Џошуа двапати ги обедини титулите ВБА, ИБФ и ВБО, како и ИБО, во 2016 и 2021 година.

Потоа претрпе последователни порази во борбите против Украинецот Олександр Усик, прво во 2021 година на стадионот на Тотенхем во Лондон, а потоа во 2022 година во Џеда, Саудиска Арабија.

Сега во истата земја, но во друг град, Ријад, го подобри својот рекорд на 28-3 против Нгану.

Поврзани новости