1.2K
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва за прв пат доби шанса да изведе пенал за Наполи во Сериа А и успеа да го реализира со што ја запечати победата на својот тим против Сампдорија.
Тренерот Лучиано Спалети не погреши што му ја даде довербата на Елмас, кој и го изнуди пеналот за својата екипа откако ја крена топката во шеснаесетникот на Сампродија и погоди противнички играч во рака.
Елмас сигурно биеше од 11 метри и го испрати голманот на спротивната страна. Ова за него е четврти погодок во Сериа А сезонава.