614
На социјалната мрежа Твитер излезе видео снимено во Охрид каде може да се види мало еленче како се разладува во водите на езерото. Најверојатно станува збор за еленче кое се симнало од планината Галичица.
Инаку неодамна во националниот парк Галичица почна изградбата на репродуктивен центар за елени. Центарот со големина од стотина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и шест мажјаци) и ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.
Хајлајт на денот: еленчево што си плива кај Свети Наум ❤ pic.twitter.com/fG330RQsHq
— fall from grace (@tindomiell) July 28, 2019