Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи.
Интерфакс јавува дека експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање.
Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на зградата.
Претседателот на руска Северна Осетија најави дека е на лице место, каде што е распореден и оперативниот штаб, а во тек е и процесот на гаснење на пожарот.
💥 Russia: Shopping mall blew up in Vladikavkaz. Gas leak suspected. pic.twitter.com/UZ5xHep6kE
— Igor Sushko (@igorsushko) December 25, 2024
На социјалните мрежи се појавија првите видеа на кои се гледа дека од експлозијата пукнале прозорците, додека од зградата излегува чад.
UPDATE: Tragic outcome in #Vladikavkaz shopping center explosion.
1 person confirmed dead, 8 others injured.
Russian emergency services working tirelessly at the scene.
Thoughts with the victims and their families.
Investigation underway to determine cause.#EMERCOM pic.twitter.com/jffn9DjPYW
— Facts Prime (@factsprime35) December 25, 2024