355
Експлозија одекнала во фабриката во Сергејев Посад, предградие на Москва, изјави за агенцијата „Спутник“ претставник на Итната служба.
„Експлозијата одекнала во оптичко-механичката фабрика во Сергејев Посад кај Москва“, рекол соговорникот на агенцијата.
Според извештаите, експлозијата се случила во магацин за пиротехника. Во тек е евакуација на работниците.
Според првичните информации, повредени се 38 лица.
На местото на настанот излегла полицијата, како и гувернерот на Московската област Андреј Воробјов, како што пренесува „Спутник“.
⚡️Large explosion at a mechanical plant in the Moscow region this morning pic.twitter.com/D9wO0vWM08
— War Monitor (@WarMonitors) August 9, 2023