617
Огромен аквариум висок 16 метри наводно експлодирал во петокот наутро во хотел во Берлин.
Итната помош добила повик околу 6 часот.
Голем сад пукнал, а целата вода од аквариумот во кој имало 1.500 риби се излеала од хотелот на улица, пренесува Билд.
Германските медиуми јавија дека две лица се повредени.
На Твитер се појави видео од инцидентот, наводно објавено од гостин на хотелот.
Bro what the fuck the fish tank of my hotel just exploded in the middle of the night WHATS GOING ON. #radissonblu #Berlin #aquarium #Explosion pic.twitter.com/Od8iS9YxBN
— Niklas Scheele (@niklas_scheele) December 16, 2022