Најмалку 60 луѓе загинаа денеска во северна Нигерија кога цистерна се преврте, истури бензин и предизвика експлозија, соопшти Федералниот корпус за безбедност на патиштата (FRSC).
VIDEO: Moment Petrol-Filled Tanker Exploded At Dikko Junction In Niger State pic.twitter.com/iBitTZvFtO
— Blueprint Newspapers (@Blueprint_ng) January 18, 2025
Несреќата во државата Нигер уследи по слична експлозија во државата Џигава минатиот октомври, во која загинаа 147 луѓе, во една од најтешките такви трагедии во најнаселената африканска нација.
Кумар Цуквам, командант на FRSC за државата Нигер, рече дека повеќето од жртвите биле сиромашни локални жители кои побрзале да го подигнат истурениот бензин откако камионот се превртел.
„Танкерот се запали и затрупа уште еден танкер. Досега од местото на настанот се извлечени 60 тела“, рече Цуквам.