Најмалку 40 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Либерија, соопштија властите на таа земја.
Камион со бензин се преврте доцна во вторникот во Тотота, во областа Долен Бонг, и експлодираше набргу потоа, при што загинаа и беа повредени многумина кои дојдоа на местото на настанот, јавува Ројтерс.
In Liberia Bong County!
Learn from this: for those whom it may concern, your life is more important than anything else, stay away from such incidents whenever it occurs pic.twitter.com/rNP9R6ThvZ
— @Bontusmay (@Mayorma13875958) December 28, 2023
Според очевидци, луѓето се качиле на превртената цистерна за да го испуштат горивото.
Десетици луѓе се уште се во болница со сериозни изгореници, а бројот на жртвите може да се зголеми, соопштија медицинските служби на Либерија.
Лошата безбедност на патиштата и слабата инфраструктура ја направија субсахарска Африка најсмртоносен регион во светот за сообраќајни несреќи, со стапка на смртност три пати поголема од европскиот просек, според Обединетите нации.