Еко активисти од движењето „Последна генерација“ денеска спроведоа неколку акции на германските аеродроми, а во монденското летувалиште на островот Зилт се залепија за крилата на приватен авион.
На островот Зилт во Северното Море, активисти упаднаа на пистата и се закачија за приватен авион и самата писта. На објавеното видео на платформата Х се гледа како чувар се обидува да ги оддалечи активистите од авионот.
🇩🇪GERMAN ACTIVISTS STORM SYLT AIRPORT
Activists from the "Last Generation" (Letzte Generation) movement invaded Sylt island’s airport, with some sitting on the wing of a private jet and others gluing themselves to the runway as part of their "Oil Kills" protest.
The… pic.twitter.com/WZTCV8B8MM
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) August 10, 2024
Според соопштението на аеродромската управа, авиосообраќајот не бил загрозен или во прекин.
На веб-страницата на Последната генерација беше објавено дека е апсурдно тоа што приватни авиони секојдневно сообраќаат меѓу Зилт и градови како Минхен, Франкфурт или Дизелдорф. Тоа се градови кои во Германија се познати како градови во кои живеат натпросечен број богати луѓе.
Во исто време, акциите беа спроведени на аеродромите во Штутгарт и Дортмунд, но тамошните активисти не дојдоа на пистата, туку протестираа во зградите на терминалот.
Three people in Germany have been arrested at Sylt Airport. @AufstandLastGen supporters sat on the wings of a private jet to call for an emergency #FossilFuelTreaty.
DONATE: https://t.co/TY36EkDAMs#OilKills #RefuseToDie pic.twitter.com/2DvL8X6yGf
— Oil Kills (@_oilkills) August 10, 2024
Во последните недели, членовите на Последната генерација го блокираа сообраќајот на аеродромите држејќи се за пистите.
Членовите на тоа движење бараат од германската влада да ги зајакне мерките што ќе доведат до крај на употребата на фосилни горива во Германија до 2030 година.