(ВИДЕО) Еди Рама со страсен бакнеж за Џорџа Мелони

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама, кој е познат по своето неконвенционално однесување, ги изненади сите, особено италијанската премиерка Џорџа Мелони, со својот потег на неодамнешниот самит на Европската политичка заедница во Кишињев.

Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, Рама и пријде одзади на премиерката на Италија, силно ја прегрна и ја бакна во образот.

Интимноста на Рама со светските лидери првпат се најде во фокусот на медиумите кога тој го бакна Жан-Клод Јункер за време на состанокот во 2019 година.

Тој и ја бакна раката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на минатогодишниот самит во Тирана.

Поврзани новости