(ВИДЕО) Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“

by Fokus

Деветнаесетгодишник беше застрелан во саботата вечерта во близина на метро станицата Клемансо во Брисел. Ова беше трето пукање во белгискиот главен град за само две недели.

Обвинителството соопшти дека пукањето се случило во областа Андерлехт. Полицијата трага по осомничените.

Еден маскиран вооружен маж е фатен од надзорната камера.

– Нашите првични истраги нè наведуваат да веруваме дека инцидентот се случил во контекст на конфронтација во милјето за трговија со дрога , се додава во соопштението.

Поврзани новости