Обилен дожд ги поплави патиштата и ги затвори аеродромите во Флорида, пред да пристигне ураганот Хелен на копното на Флорида.
Во невремето загинаа најмалку три лица. Последиците ќе бидат познати во утринските часови бидејќи ураганот околу полноќ ја напуштил областа и се упатил кон Џорџија.
Бурата стана ураган од четврта категорија со ветрови од 215 км/ч.
На жителите им беше препорачано да се евакуираат, а тие беа предупредени дека обилните дождови можат да предизвикаат поројни поплави во некои области.
Хелен е „еден од најголемите урагани во Мексиканскиот Залив овој век“, изјави експертот Мајкл Лоури.
Покачувањето на нивото на водата на места на бреговите би можело да достигне 6 метри, колку што изнесува двокатна зграда.
Повеќе од 1 милион корисници останаа без струја во Флорида откако ураганот Хелен падна на копно доцна во четвртокот навечер, според PowerOutage: