ВИДЕО: Две девојчиња во Србија тепаат врсничка, а останатите тоа го снимаат

by Fokus

Врсничко насилство во Брајево, Србија, каде две 15- годишни девојчиња малтретираат и удираат нивна врсничка доби законски епилог.

По налог на обвинителство за малолетници, полицијата во Србија поднесе кривична пријава за насилничко однесување против И.О. (15) и Д.И (14) кои во школски двор на училиштето „Кнез Сима Марковиќ“ ја шамарале и физички ја малтретирале А.М. (15), пренесува Курир.рс.

Две малолетнички во дворот на училиштето физички малтретираат врсничка, а видео од случката се појави и на социјалните мрежи каде згорен беше целиот регион, а по налог на обвинител заработиле и кривична пријава.

На снимката се гледа како едно од девојчињата, ја удира својата врсничка по глава и вели дека ќе помине и полошо ако каже на мајка си и почнува да ја удира додека другите деца дофрлуваат од страна.

Директорот на училиштето вели дека се превземени сите неопходни мерки, а девојчињата ќе бидат адекватно санкционирани.

Видеото погледнете го на следниот линк

 

 

 

Поврзани новости