470
Аргентинскиот ас Лионел Меси продолжува да ги импресионира Американците. Тој постигна два гола и имаше една асистенција во победата од 4-0 над екипата на Атланта Јунајтед во рамките на групната фаза на Лига Купот на КОНКАКАФ.
Меси досега има постигато три гола за новиот клуб.
Во осмата минута Аргентинецот го искористи додавањето на Шпанецот Серхио Бускетс, па најпрво ја погоди стативата, но топката се одби пак до него и погоди во празен гол од вториот обид за 1-0.
Во 23. минута Меси искористи одбиена топка и реализираше за 2-0, а третиот гол беше постигнат во 53. минута, токму по асистенцијата на Меси за Тејлор, за конечни 4:0.
Меси ја напушти играта во 78. минута.