414
Четири лица загинаа во судир на два мали авиони за време на лет над Флорида. Авионите се судрија вчера околу 14 часот и се урнаа во езерото Хартриџ, во Винтер Хевен.
Службите за итни случаи и спасувачите излегле на местото на настанот и пронашле еден авион на приближно шест метри под површината на езерото, додека другиот бил делумно потопен.
„Се судрија во воздух, двата авиони веднаш паднаа во вода. Спасувачите ги извлекле телата на четири лица кои биле во авионите“ – изјави Стив Лестер од канцеларијата на шерифот на округот Полк, пренесува „NBC News“.
Полицијата го објави идентитетот на три од четирите жртви: Фејт Ајрин Бејкер (24), Захари Џин Мејс (19) и Рандал Елберт Крафорд. Се утврдува идентитетот на четвртото починато лице.