Државниот секретар во Министерството за демографија, семејство, млади и социјална политика на Хрватска, Марин Стрмота, поднесе оставка среде заедничка прес-конференцијата со министерката Нада Мурганиќ.
Прес-конференцијата се одржувала по состанокот на Советот за демографска ревитализација, на кој се ртазговарало за падот на наталитетот во Хрватска и мерките кои треба да бидат преземени за негово зголемување.
„Се согласувам со вас. По една година и 4 месеци како демограф во Владата сметам дека ова не е доволно сериозно и денеска поднесувам оставка затоа што државата изумира. Јас како млад човек, како граѓанин на Хрватска, татко на две деца, сопруг на невработена сопруга и дете на невработени родители не верувам дека нешто ќе се смени со овој пристап“, изјави Стрмота на прес-конференцијата.