(Видео) Дрон падна врз рускиот град Вороњеж

by Fokus

Има информации за напад со дрон врз рускиот град Воронеж, кој се наоѓа на околу 290 километри од руската граница.

Тамошниот регионален гувернер Александар Гушев изјави дека три лица се повредени, а најмалку 10 станови биле оштетени кога дронот удрил во станбена висококатница.

Лекарите ги згрижиле двете лица ранети во несреќата при пад на  дронот, не им била потребна хоспитализација, изјави дежурниот во градската итна медицинска станица, објави агенцијата ТАСС.

„Имаше повик на улица Белински, жртвите имаа гребнатини. На самото место им беше укажана помош, не беше потребна хоспитализација“, рече таа.

Нападите со беспилотни летала на руската територија стануваат се почести, но тие обично се случуваат во области поблиску до Украина, како што е Белгород.

Се појави видео кое го прикажува моментот кога дронот паднал.

 

 

 

 

Поврзани новости