452
Бутуровиќ Поље кај Коњиќ, во Босна и Херцеговина е едно од населените места погодени од катастрофални поплави, по обилните врнежи од дожд во ноќта од четврток кон петок.
Видеата кои се шират на социјалните мрежи и оние кои ги носат босанските медиуми од терен покажуваат колкава е штетата предизвикана од оваа елементарна непогода.
Има и бројни видеа од спасување на луѓе во критичните зони. Едно такво доаѓа токму од Бутуровиќ Поље.
Снимката споделена од членовите на планинската спасувачка служба Прењ покажува спасување на човек отсечен од поплава: