Руски патнички авион со 34 лица, наместо на пистата слета на замрзната река на далечниот исток на Русија, поради грешка на пилотот. Авионот на „Полар ерлајнс Антонов Ан-24“ од советско време утрово слета на замрзнатата река Колима во близина на аеродромот Зирјанка. За среќа, никој од патниците не е повреден, пишува Би-Би-Си.
In Russian Yakutia, a passenger plane landed on a frozen river. It had about 30 passengers on board.
The pilots said they "confused" it for a landing strip. pic.twitter.com/onyQq2rjXW
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 28, 2023
Според прелиминарната истрага, се работи за грешка на пилотот, соопштија обвинителите. Во авионот имало триесет патници и четворица членови на екипажот. Летот PI217 полетал од Јакутск рано утринава и патувал за Зирјанка, оддалечен 1100 километри.
Видеото на еден од патниците го прикажува авионот среде замрзнатата река Колима во источен Сибир.
This Russian passenger plane landed on a frozen river by mistake😮❄️ pic.twitter.com/ojlRdEGrGo
— DW News (@dwnews) December 28, 2023
Температурите во Ќирјанка во овој период од годината може да се спуштат и до -40 степени Целзиусови. Обвинителите рекоа дека авионот слетал на песочен брег во реката и трагите во снегот покажуваат колку далеку требало да застане.