Драма се случуваше денеска во италијанскиот град Неапол.
Маж ја уби сопруга, па се забарикадира во својот стан и од балконот пукаше. На местото на настанот брзо пристигнаа полициски екипи и направија безбедносен обрач околу зградата. На местото пристигнаа и специјалци и преговарач.
Преговорите со него биле неуспешни, а откако сфатил дека полицајците упаднале во неговиот стан, тој се самоубил. Пред да се самоубие, тој извикувал нејасни реченици, меѓу кои: „Јас ја убив“.
Ha sparato in aria dal balcone della sua abitazione e poi si è rinchiuso in casa dove ora è barricato. L'uomo ha tre figli, due dei quali si trovavano stamattina a scuola, il terzo in gita con la classe. Non è ancora chiaro se all'interno dell'abitazione vi sia o meno la moglie… pic.twitter.com/jSA1o5wRoi
— Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) February 8, 2024
Како што пренесуваат италијанските медиуми, се работи за поранешен чувар, по име Пинто, кој најверојатно со нож ја убил сопругата Ева Каминска со која има три деца. Две од децата се малолетни и во моментот на инцидентот биле на училиште, додека третото било на екскурзија.
Двете тела се пронајдени во спалната соба, пренесува „Кориере дела сера“.