(ВИДЕО) Доналд Трамп претстави нова линија на златни патики

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави новата линија на патики, еден ден откако њујоршкиот судија го казни со речиси 355 милиони долари на судење за граѓанска измама.

Поранешниот претседател вчера претстави модел на патиката Трамп во продавницата Sneaker Con во Филаделфија, а додека зборуваше, на подиумот постави пар патики во златна боја, кои по цена од 399 долари ги рекламира на новата веб-страница.

Трамп ја нарече патиката Never Give Up, пренесува CNN.

„Ова е нешто за што зборувам 12, 13 години и мислам дека ќе биде огромен успех“, рече Трамп, кој се приближува кон републиканската претседателска номинација за овогодинешните избори и реваншот со актуелниот претседател Џозеф Бајден, според Си-Ен-Ен.

На сајтот на продавницата беше објавено дека до синоќа се распродадени сите патики од овој модел, вкупно 1.000 пара, колку што имало на залиха во продавницата „Sneaker Con“ во Филаделфија.

Поврзани новости