(Видео) Додик за налогот за апсење: Овде пишува дека не бараат, како да сме Ал Каеда

by Fokus

Претседателот на Република Српска Милорад Додик им се обрати на медиумите во Бања Лука откако обвинителството на Босна и Херцеговина утринава издаде налог за негово апсење.

Додик истакна дека денеска е посебен ден.

„Тоа е посебно за мене бидејќи денес ми е роденден“, рече Додик, додавајќи дека од Сараево добил „честитка“ во форма на налог за апсење.

„Овде пишува дека итно не бараат, како да сме Ал Каеда, ова е свечен ден затоа што се започнати процедури за промена на Уставот“, рече Додик и ги повика сите да учествуваат во јавната расправа за новиот Устав на Република Српска.

„Нашата цел не е да бидеме против Уставот на БиХ, туку во согласност со него“, рече тој.

„Ова денес е политички мотивирано, во законите на БиХ нема кривично дело за кое можат да ни обвинат. Не сум вознемирен и никогаш нема да ја напуштам Република Српска. Ако некој мисли дека сме кукавици, многу се лаже“, рече Додик.

Тој додаде дека не се вознемирени и нема потреба од загриженост.

„Ниту сме вознемирени, ние сме решени. Вознемирена е некоја секта што трча низ Бања Лука, ги храни медиумите во Сараево и се однесува предавнички. Но, тоа само докажува дека сме слободно и демократско општество“, рече тој.

„Мојата порака е – Немојте само да претерате. Разберете го како сакате“, додаде Додик, најавувајќи дека Народното собрание на Република Српска денеска го усвојува новиот закон за специјално обвинителство и суд кој ќе го штити уставниот поредок.

„Нема удар што не сум подготвен да го поднесам за Република Српска. Ќе ја работам мојата работа и ќе патувам, но никогаш нема да ја напуштам Република Српска“, заклучи тој.

Додик рече дека не сака ескалација, но дека биле принудени на тоа.

„Ова не е одбрана на поединец, туку на републиката. Верувам дека ја имам поддршката од граѓаните и ги повикувам да ни дадат уште поголема поддршка“, рече тој, додавајќи дека „поединците немаат право на утеха кога Република Српска е загрозена“.

Тој изјави дека политичката ситуација за неколку месеци ќе изгледа како распад на Југославија. Посочи дека ако некои мислат дека решението е дека „би сакале да го видат Милорад Додик со лисици на рацете, тоа не значи дека можат било што“.

„Мило ми е што ниеден Србин овде не беше толку луд да го потпише тој налог за апсење. Гледам дека некој генерал од Романија дојде во ЕУФОР, не му е грижа што е генерал на ЕУФОР, народот е зад нас. Еве, внесете ме, да видам како ќе ме внесете“, вели Додик.

Тој најави дека во наредните денови ќе има средба со највисоките руски претставници.

Поврзани новости