Претседателот на Република Српска Милорад Додик во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
Пред самата средба се случи една прилично смешна ситуација. Додик отишол да го бакне Путин три пати, но очигледно еднаш му било доволно на рускиот претседател, пренесува Кликс.
Целата ситуација очигледно го збунила рускиот претседател, кој го тапкал Додик по рамо, избегнувајќи ги другите два бакнежи.
Инаку, Путин на средбата рекол дека Русија не го менува ставот во однос на Дејтонскиот договор и оти сметаат дека Дејтон е основа за зачувување на состојбите во Босна и Херцеговина, но и за развој.
Тој посочи дека ставот на Русија е познат. Наведе дека надлежностите во Дејтонскиот договор се поправени и додаде дека Русија ќе придонесе за тоа.
„Господине претседателе, драг пријателе, во Санкт Петербург. Не толку одамна се сретнавме во Казан на спортски настан. Денес ја добивте нашата покана да учествувате во работата на форумот во Санкт Петербург. Ние сме многу среќен поради тоа“, му рече Путин на Додик.
Од друга страна, Додик му се заблагодари на Путин за неговите „Принципи во однос на Дејтонскиот договор“.
„Од страната на Запад, Дејтонскиот договор беше уништен, Русија е единствената земја што остана со неа. Ви благодариме за принципиелното однесување на Генералното собрание на ОН, каде што противуставно беа покренати иницијативи за резолуцијата за Сребреница“, му рече Додик на Путин и повтори дека нема намера да се приклучи на санкциите против Русија.