Популарното музичко дуо ДНК го промовираше видео записот за новата песна „Чаршија“ кој се снимал во турската чаршија во Скопје.
Гости во веселата песна се хармоникашот Мишел Трајковски и мајсторот за конги, Бока Конга, а во видеото се појавуваат и поранешната мисица и водителка Вера Мештеровиќ и моделот Драгана Спасовска.
Двете атрактивни жени се присутни во јавниот живот со години наназад. Секоја убава на свој начин, секогаш го привлекуваат вниманието на јавноста, а нивната заедничка комбинација во спотот на ДНК наиде на позитивни реакции кај публиката.
Вера, која е првата Мис на Македонија, и во минатото се има појавено во музички спотови, и тоа на групата ,,Галија” за песната ,,Нешто ме гони” и на Владо Јаневски за песната „Откако си негова“.
Драгана пак, која по мајка е Бугарка, а по татко Македонка, подолг период живее во Дубаи, а во минатото се појави во спотови на повеќе домашни и бугарски музичари.
Видеото за „Чаршија“ е прикачено на музичкиот канал Јутјуб, каде дуото доби бројни комплименти за целиот проект.
Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија е Кристијан Теодоров.
Вики Клинчарова