687
Дипломиран студент по стоматологија во Солун е на долгата листа на исчезнати по сударот на два воза во Грција.
Анастасија Адамиду (24) од Кипар била во третиот вагон од патнички воз кој синоќа нешто пред полноќ се судри со товарен воз во Темпа, кај Лариса.
Медиумите јавуваат дека таа од полноќ не контактирала со никого.
Држејќи фотографија од младата Анастасија пред болницата во Лариса, таткото на нејзиното момче бара секој што има некаква информација за неа веднаш да се јави во полиција.
„Секој кој бил со неа и знае нешто, веднаш да ги извести властите“, им рекол на новинарите таткото на нејзиното момче.
Анастасија е од Пафос на Кипар и од сударот не контактирала со родителите кои заминале кон Лариса.