665
Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски преку социјалните мрежи го праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк?
„Дали повторно следниве два дена како и предходно луѓе вработени од ваша страна во 6та управа и ваше лично обезбедување ќе бидат главните организатори и агитатори во изборниот процес за Илиевски и најгрубо ќе го кршат законот.
Ги охрабрувам кумановци и им ветувам дека после понеделник ќе отпочнам со процесот на демонтажа на узурпираното МВРО2, притисоците кај кумановци не поминуваат“, прашува Димитриевски.