(ВИДЕО) Џони Деп тргна кон Амбер, таа се скри зад полицајците

by Фокус

Видеото на кое се гледа како Џони Деп ѝ се приближува на Амбер Херд по нејзиното драматично сведочење на суд привлече големо внимание во јавноста.

Актерката се симнувала од говорницата, па кога сфатила дека ѝ се приближува бившиот сопруг, се повлекла и се сокрила зад полицајците, кои очигледно и самите помислиле дека актерот се упатува кон неа затоа што му дале знак да престане.


Меѓутоа, Деп рече дека не гледа добро, па многумина веруваат дека не знаел каде се наоѓа Амбер во тоа време. Кога полицајците го запреле, тој се свртел кон адвокатите и ги кренал рамениците.

Во меѓувреме, Амбер сѐ уште стоела зад полицајците и дури откако тој се повлекол, таа се вратила на своето место во судницата.

Поврзани новости