Во јавноста протече разговор меѓу претседателот на Кина Си Џинпинг и канадскиот премиер Џастин Трудо, на кој се гледа како кинескиот претседател го критикува својот соговорник.
Студените односи меѓу лидерите на двете земји настанаа затоа што, според кинескиот претседател, канадскиот премиер им пренел на медиумите за што разговарале.
Кинескиот претседател воопшто не се израдувал кога дознал, па дошол кај Трудо со својот преведувач.
-Не е соодветно деталите од нашиот разговор да бидат споделени со медиумите. Разговорот не беше воден така – изјави Џинпинг.
Трудо во еден момент го прекина, велејќи дека им кажал сè на медиумите поради сè поагресивните активности на Кина.
-Во Канада веруваме во слободен, отворен и искрен дијалог и тоа е она што ќе продолжиме да го имаме. Ќе продолжиме да работиме конструктивно заедно, но ќе има работи за кои нема да се согласиме – рече Трудо.
Џинпинг потоа продолжи да го критикува канадскиот премиер. Тој рече дека двајцата мора прво да „создадат услови“.
На крајот од разговорот, секој отиде на своја страна.
BREAKING: Chairman Xi dresses down Justin Trudeau like a junior employee for leaking their private conversation to the media. Trudeau can barely walk after pic.twitter.com/QlRtbiBSIg
— Jack Posobiec 🇺🇸 (@JackPosobiec) November 16, 2022