(Видео) Џафери- Прескер: Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива на Македонија

by Fokus

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во државата, Н.Е. Грегор Прескер.

Во фокусот на разговорот беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Словенија и можностите за нивно унапредување, со акцент на економската соработка. На средбата се разговараше и за европската перспектива на нашата држава, како и состојбите во поширокиот регион од Западен Балкан.

Соговорниците истакнаа дека двете држави имаат одлични билатерални односи кои се карактеризираат со постојана меѓусебна поддршка и почитување.

Премиерот Џафери ја поздрави поддршката што Словенија ја дава за европската перспектива на Северна Македонија, како и за споделувањето на искуствата во овој процес.

Освен успешната политичка и економска соработка меѓу двете земји, соговорниците разменија ставови и за соработката во областа на одбраната, внатрешните работи, културата, науката и образованието.

Амбасадорот Прескер истакна дека Северна Македонија заедно со другите земји од регионот е географски приоритет за Словенија и ќе продолжи активната и гласна поддршка на Словенија за европската интеграција на Северна Македонија.

Поврзани новости