414
Претседателот на Собранието Талат Џафери жестокото реагираше откако час и половина ги тераше пратениците од парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ да влезат на седницата за да може да се обезбеди кворум за почеток на работата на седницата.
-Дали вие размислувате што правите или не? И должен сум вака по микрофон да ви кажувам! Си влегувате и си излегувате како сакате – им рече Џафери и воедно им порача дека ако не м се работи да поднесат оставка и друг пратеник да дојде на нивно место.
На денешната седница не дојдоа сите пратеници на власта, додека опозиционерите беа беа во парламентарната зграда, меѓутоа не влегоа во салата затоа што чекаа кворумот да го обезбеди мнозинството.