(Видео) Џафери до Апасиев: Аманте еј, Кастро – извини

by fokus

Со час и половина задоцнувањепочна седницата за усвојување на предлог измените на законите за акциза и за ДДВ. За доцнењето на седницата имаше пратеникот Димитар Апасиев гo обвини спикерот на собранието Талат Џафери.

-Самата ваша ажурност се гледа во тоа што во 15 часот ни беше закажана седницата еве сега е 17 не можете да обезбедите мнозинство. Тука се гледа вашата итност, рече Апасиев.

На ова Џафери му одговори дека според комуникацијата којашто ја имал со пратениците, седницата требало да почне во 15 часот, но некој заглавил во снегот во Маврово, некој, како што рече, имал летни гуми, па морало да го туркаат.

-Како мислите кворум. Сега да кажам дека мнозинството нема 61 пратеник овде и да речам дека седницата нема да се одржи. Амант, еј, ало, Кастро – извини, му рече Апасиев на Џафери.

Поврзани новости