Искршени кревети, постелнина, облека и пластики се расфрлани околу училиштето „Наум Наумовски Борче“ во населбата Маџари во општина Гази Баба.
Попусто е ставен знакот пред училиштето „Забрането фрлање на шут и отпад“ кога населението од околните куќи секојдневно го исфрла шутот околу основното училиште и го загадува просторот каде минуваат околу 500 деца од населбата кои посетуваат настава.
Возила на локалното претпријатие ЈКП Гази Баба изминатите денови можеше да се забележи дека работи на расчистување на неколку диви депонии на повеќе локации низ општината, но јавните површини во населбите се уште не се чисти.
„Апелираме до граѓаните да не вршат одлагање на отпад на јавни површини, туку истото да го сторат во контејнерите за кабаст отпад кои редовно се поставуваат по утврден распоред во Месните и Урбаните заедници“, велат од комуналното претпријатие.
Орце Костов