(ВИДЕО) Девојче од Македонија ималo срцев застој во море во Грција, го спасило лекар од Србија

by irena 19:32
19:32

Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем на плажата во Неа Врасна, но за среќа во близина бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.

За „Утро на Прва”, тој раскажа што се случило.


Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка, Друшка Стојановиќ.

„Видовме дека детето е во критична ситуација, дека моменти се во прашање. Веднаш почнавме со реанимација”, вели Костиќ.

Кога стигнала брза помош, девојчето веќе било во свесна состојба.

Родителите на малата Ирина се бескрајно благодарни за помошта која го спасила животот на нивното дете кое сега е во стабилна состојба и за неколку дена ќе излезе од болница.

Слични вести