Израел: Иран нападна американска база со балистички ракети во Катар

by irena 19:21
19:21

Иранската државна телевизија го објави почетокот на операцијата „Добра вест за победа“ на Иран против американските сили во воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, објави Иран Интернешнл.

Скај њуз објави дека се слушнале експлозии над главниот град на Катар.

Според нив, новинската агенција Ројтерс извести за серија експлозии над Доха, главниот град на Катар.

Аксиос исто така го објави истото, тврдејќи дека 6 балистички ракети биле испукани од Иран кон Катар. Како што објавија, израелски функционер им ја потврдил веста.

Би-Би-Си објави иста информација, повикувајќи се на Ројтерс и АФП.

Мисијата за утврдување факти со мандат од Обединетите нации денес соопшти дека некои од нападите на Израел врз Иран можеби го прекршиле меѓународното хуманитарно право, наведувајќи ги како примери убиствата на цивили во станбена зграда и тројца хуманитарни работници во Техеран.

Слични вести