(ВИДЕО) Девојче 8-годишно во Нови Сад продава крофни за да собере пари за лекување на татко и

by Fokus

Нина Нинковиќ е 8-годишно девојче кое почна да ги продава крофните што ги прави нејзината мајка за да собере пари за лекување на нејзиниот татко Зоран.

Нејзината челична волја ја препознаа многумина кои дојдоа во новосадска населба со цел барем малку да придонесат во борбата на Нина со купување крофна. Но, денес тоа го направија многу поголем број луѓе.

Како што можеше да се види вечерва во Нови Сад, големите дела се препознаваат на срце, па новосаѓани направија долга колона која го „огради“ целиот главен градски плоштад, за да купат крофна од Нина.

– Прво сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнам на татко ми и да соберам пари за неговите лекови што е можно поскоро. Така почнав да продавам поради него – рече девојчето кое продаде 500 крофни во едно попладне.

Новосаѓани брзо се организирале и решиле да и помогнат.

– Покренавме иницијатива на социјалните мрежи да стапиме во контакт со сите кои би можеле да се придружат во правењето крофни, се со цел да се продаде што е можно повеќе и затоа побрзо да се соберат пари за лекување на таткото на Нина. Можеме да кажеме дека одзивот е задоволителен, а она на што се надеваме е да се приклучат што повеќе волонтери – изјави за „Блиц“ Стеван Бабиќ од новосадскиот „Крени – промени“.

Инаку, таткото на Нина Зоран го изгубил видот во 2016 година поради откачување на мрежницата. Во март 2022 година повторно се случила аблација и била дијагностицирана симпатична офталмија и панувеитис, а со тоа бил загрозен животот на Зоран.

Тој оди на клиника и прима системска терапија, хемотерапија и имуносупресивни капки. По една година од појавата на фибрин, поради што видот му е заматен, се јавува изразена фотофобија. Се следи состојбата на целиот организам поради високи дози на хемотерапија.

Сега на Зоран му е потребна помош за да може да оди на лекување во Москва. Потребни се средства за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лекување во земјата и странство, како и за патни трошоци и сместување.

Поврзани новости