(ВИДЕО) Девет полицајци завршија на Токсикологија, евакуираа публика при пожар кај СЦ „Борис Трајковски“

by irena 21:13
21:13

МВР информира дека денеска околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.

Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.

Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба.

Слични вести