(ВИДЕО) Дете падна од 12 метри височина- му се скина појасот на зиплајнот

by Fokus

Семејството на шестгодишното момче кое падна од зип-лајн во забавен парк во Мексико, одлучиле да го тужат операторот на возењето поради неисправниот ремен.

Родителите на момчето објавиле на Фејсбук и рекле дека инцидентот се случил минатата недела во забавен парк лоциран во државата Нуево Леон.

Според нив, на момчето му пукнал појасот за време на возењето додека бил на зип-лајн, по што паднало во вештачки базен од висина од 12 метри.

Во меѓувреме на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како момче вози зиплајн, а потоа во еден момент застанува и почнува да паѓа од височина.

Турист кој бил во близина на базенот веднаш скокнал во водата и го извлекол детето од водата, пишува NY Post.

Поврзани новости