(Видео) Детали за нападот во Германија: Напаѓачот бил ментално болен и самиот се избодел со нож

by Fokus

Седумнаесегодишен ученик е напаѓачот кој рани повеќе ученици во средно училиште во Германија. Според информациите, тој си нанел и себе си повреди во градниот кош.

Според информациите, некои од повредените се во тешка состојба.

Осомничениот е уапсен, а извршен е детален претрес во гимназијата во потрага по можни соучесници.

Според наставникот кој бил во училишната зграда, напаѓачот употребил нож и ножици.

“Тоа беше ненадеен, ненадеен напад. Ги нападна учениците околу себе, а на крајот се прободе четири пати во градите. Еден колега го совлада”, рече наставникот, кој не бил очевидец на нападот, но прв дошол на помош на жртвите.

Сите ученици беа евакуирани во зградата на банката во близина на гимназијата, по што учениците биле пребројани и родителите групно ги носеле децата, почнувајќи од оние кои се од пониските одделенија.

Причината за злосторството се уште не е јасна, а германските медиуми јавија дека напаѓачот е момче со психички проблеми.

Поврзани новости