106
Големиот протест „Студентски едикт“ во Ниш е на повик на студентите од тамошниот универзитет по повод четири месеци од уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.
Студентите и граѓаните, кои масовно им се придружија, се собрани на централниот плоштад Крал Милан и низ околните улици.
Во 11.52 часот беше одржан 15-минутен молк за да им се оддаде почит на загинатите во уривањето на настрешницата, по што официјално започна програмата на собирот.
Предвидено е протестот да трае до 3 часот по полноќ.
Денешниот собир е најава за големиот протестен митинг закажан за 15 март во Белград.
View this post on Instagram