ВИДЕО Демонстранти ја пробија вратата и упаднаа во Парламентот во Хонг Конг

by fokus

Група демонстранти упаднаа во зградата на Парламентот во Хонг Конг и испишаа графити на ѕидовите и врз грбот на автономната кинеска територија.

Некои од демонстрантите се качиле врз пратеничките клупи, а други се качувале за да испишат пораки високо на ѕидот.

Полицијата се повлекла за да избегнат судири.

Во исто време, десетици илјади луѓе протестираа во градот, барајќи повеќе демократија на 22-годишнината од британското предавање на Хонг Конг на Кина, кој до тогаш беше британска колонија.

Луѓето на улиците тврдат дека владата на Хонг Конг не одговорила на нивните барања за целосно повлекување на контроверзниот закон за екстрадиција и оставка на премиерката на Хонг Конг, Кери Лам.

https://www.youtube.com/watch?v=L9sQm2RrIdA

Поврзани новости